| четврток, 6 декември 2018 |

Хари: Не ми даваат да одам на „Евровизија“

Хари Варешановиќ не може да го преболи тоа што втора година по ред Босна и Херцеговина не праќа претставник на музичкиот фестивал „Евровизија“.

Босанскиот пејач, кој во 2006 година на овој фестивал го освои третото место, вели дека со задоволство би учествувал повторно, но тоа не му го дозволува босанската телевизија.

– Би настапувал повторно, но телевизијата не ме сака. Малку тоа е апсурдно бидејќи јас ги направив најдобрите резултати и ако некој треба да добие уште една шанса, тогаш треба да биде најдобриот, но сѐ е апсурдно во врска со тоа – вели Хари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top