Данската компанија „Вестас“ (Vestas) ја пушти во погон најголемата ветерна турбина во светот. Џиновската конструкција е висока 113 метри и поставена е во центарот за тестирање Естерилд во северозападниот дел на Данска. Моќноста на турбината V164 е осум мегавати. Користењето на една голема наместо неколку мали постројки ќе ги намали трошоците за производство, тврдат од компанијата.
Се очекува сериското производство на овие турбини да почне во 2015 година. Најголемите досега поставени турбини се тие на „Енеркон“ (7,5MW) и на „Самсунг“ (7MW).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.