САД ги поставија инсталациите против балистичките ракети во Шпанија како дел од засилувањето на противракетниот штит во Европа, но тој чекор заради заканите од Иран предизвика и шпекулации за наводно повлекување на Русија од Договорот за ограничување на бројот на стратешки нуклеарни ракети познат како СТАРТ.
Веста за распоредувањето на антибалистичкиот „уништувач“ „Доналд кук“ опремен со интегриран борбен систем „Егеј“ ја објави американскиот министер за одбрана Чак Хејгел на Самитот за безбедност во Минхен . Најави и дека следните две години уште три разурнувачи опремени со исти системи за противракетна опрема ќе се приклучат на напорите за заштита на НАТО членките на европскиот континент.
Но претставникот на руското министерство за надворешни работи Михаил Уљанов предупреди дека Русија, доколку САД продолжат со јакнење на своите противракетни способности преку противракетните системи во Европа, би можело да биде приморана да се повлече од СТАРТ.
-Загрижени сме што САД продолжува да ги засилува противракетните способности без да ги земе предвид руските интереси и загриженост. Таквата политика може да ја наруши стратешката стабилност и да доведе до состојба во која Русија би била приморана да го искористи правото за повлекување од СТАРТ- програмата- порача Уљанов.
Сад и Русија потпишаа нов СТАРТ во април 2010 година а тој е во сила од февруари 2011. Се сметаше дека ќе трае најмалку до 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


