| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуирани патниците кај Војводина

sadsneg-620x360

Сите патници кои беа блокирани од снежнитѕе наноси на автопатот кај Фикетиќ, Војводина се евакуирани во текот на ноќта, но еден бугарски шлепер, и покрај забраната, влегол на локалниот пат Бачка Топола – Суботица, се превртел и направи застој, по што 100 возила се заробени, јавува Танјуг, повикувајќи се на информации од српското Министерство за внатрешни работи.

Началникот на Управата за противпожарно-спасувачката единица на Секторот за вонредни ситуации Горан Николиќ изјави дека 40 возила останале на автопатот Нови Сад – Суботица кај Фикетиќ и оти се работи на тоа денеска да бидат деблокирани сите возила.

Бугарскиот шлепер се превртел синоќа во доцните часови на патот М22 Бачка Топола – Суботица и направи застој и во колоната има уште педесетина возила.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top