| четврток, 6 декември 2018 |

Декември со повисоки цени

Државниот завод за статистика објави дека продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември биле повисоки за 0,2 проценти на месечно ниво и за 5,3 проценти на годишно ниво

статистика графиконВо декември во однос на ноември лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата енергија за 0,8 проценти. Споредено со декември 2011 година, цените биле повисоки во групата енергија за 11,4 проценти, во групата трајни производи за широка потрошувачка за 3 проценти и во групата нетрајни производи за широка потрошувачка за 2 процента, објави Државниот завод за статистика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top