| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: За 10 дена ќе може да се поднесуваат барања за откуп на дворните места по едно евро за квадрат

Stavrevski_g3_4

За десетина дена граѓаните ќе може да поднесуваат барања за откуп на дворните места во рамки на последното продолжување на рокот за дополнителни девет месеци.

За десетина дена граѓаните ќе може да поднесуваат барања за откуп на дворните места во рамки на последното продолжување на рокот за дополнителни девет месеци.
Ова го најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната работна посета на општина Василево.
– За 10 дена од денеска, граѓаните ќе можат веќе да поднесуваат документи за откуп на дворни места по едно евро од квадрат. Следната недела во Собранието ќе треба да помине Законот и ќе може да се поднесуваат документи, изјави Ставрески одговорајќи на новинарски прашања.
Додаде дека процедурата е едноставна. – Граѓаните ќе треба само копија од лична карта и имотен лист да донесат во подрачните единици за имотно правни работи, појасни министерот за финансии.
Дополнителниот рок е девет месеци и апелира до граѓаните да ги откупат своите дворни места за едно евро по метар квадратен, бидејќи, како што рече, им се овозможува да станат стопани на својот имот и еднаш за секогаш на најдобар начин да ги решат имотните работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top