| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Изјавата на ДУИ фрла нова светлина на прашањето за парламентарни избори

gruevski

Владејачката партија не размислувала за предвремени парламентарни избори, се до изјавата на ДУИ, кои инстистираат на консезуален кандидат за претседател.

– Што се однесува до евентуални предвремени парламентарни избори можам да кажам дека ние досега сме фокусирани на претседателските избори и не бевме фокусирани на прашањето поврзано со предвремени парламентарни изјави. Сепак изјавата што ја дадоа челниците на ДУИ во изминатите неколку дена, фрла нова светлина врз настаните кои што доаѓаат и ние тоа со внимание го следиме и анализираме – изјави денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top