Српскиот фолк пејач Миле Китиќ се појави во еден од натписите на популарниот интернет сајт „Хафингтон пост“, но не поради својата музичка кариера туку поради неговиот лош изглед.
„Хафингтон пост“ токму него го зема за еден од примерите во написот „Десет знаци дека не се однесувате согласно со годините“.
Фотографијата на Китиќ, како што пренесува српски „Блиц“ завршила како приказ на негативен пример во текстот, а описот гласел: „Кога 80-годишник си ја фарба косата во црно, тоа никогаш не изгледа добро“.
Китиќ е познат кој како лице кое не посветува внимание на своите години кога станува збор за облеката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


