Американскиот државен секретар Џон Кери синоќа на средба со рускиот министер за надворешми работи Сергеј Лавров побарал Русија да изврши притисок врз властите во Дамаск за забрзување на процесот на уништување на сириското
хемиско оружје.
Како што соопшти анонимен претставник на Стејт депертментот. на средбата што се одржа на маргините на Меѓународната конференција за безбедност во Минхен, Кери истакнал дека Вашингтон смета оти изнесувањето на хемиското одужје од Сирија се одвива „недозволиво споро“ и дека треба да биде извршен притисок врз Дамаск за забрзување на тој процес.
Според проценките на експертите, до пристаништето во Латакија, од каде сирискиот хемиски арсенал треба со бродови да биде пренесен во Италја, досега се донесени само околу пет проценти од вкупно 1.300 тони хемиско одужје во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


