| четврток, 6 декември 2018 |

Даночна инспекторка пријавила социјалец како вработен

ujp kola

Кумановец не можел да добие социјална помош затоа што даночна инспекторка лажно го пријавил во Управата како вработен. Инспекторката е е кривично пријавена за злоупотреба на лични податоци.

СВР Куманово поднесе кривична пријава за С.А.(53) од Штип, за сторено кривично дело злоупотреба на лични податоци. Во текот на 2011 година, пријавената во својство на самостоен даночен инспектор во Управа за јавни приходи, регионална дирекција во Штип, ги злоупотребила личните податоци на Т.В.(49) од с. Липково, на тој начин што во евиденциите на Управата за јавни приходи лажно внела дека тој бил вработен и му пресметала плата и бруто-приход во износ од 254.078 денари. Т.В. во Центарот за социјални работи побарал да си ги оствари своите права како социјален случај, но бил известен дека бил избришан од нивната евиденција затоа што имал остварено приход во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top