Италијанскиот кардиохирург Антонино Маруло ќе застане на чело на тимот на кардиохирурзи во новата државна кардиохирургија.
Маруло досега работел во повеќе светски клиники за кардиохирургија. Тој само во Америка има извршено 4.500 операции, од кои 800 на отворено срце.
Ангажманот на Маруло во Македонија ќе трае околу една година. Тој ќе го предводи тимот што ќе го сочинуваат уште седум кардиохирурзи.
Првата операција се очекува да биде извршена до крајот на март.
За државната кардиохирургија се издвоени 15 милиони денари годишно. Се очекува оваа година да бидат извршени 50 кардиолошки операции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.