Алкохолот, посебно вотката, е причина за високата стапка на смртни случаи во рана возраст во Русија, утврдиле истражувањата во таа земја.
Една студија покажала дека 25 проценти од Русите умираат пред 55 години, а најголемата причина за смртта е алкохолот, односно болестите на црниот дроб или труењето со алкохолот. Голем број од нив починуваат по физичка пресметка во која влегуваат пијани.
Студијата „Тајн ленс“ е досега најопширната студија направена во Русија. Истражувачите од рускиот Центар за рак во Москва, Универзитетот „Окфорд“ и Светската здравствена организација ги следеле навиките за пиење алкохол на 151 илјада возрасни лица во три руски града во последните 10 години. За тој период осум илјади лица починале. Истражувачите ги искористија и претходните студии во кои семејства говорат за навиките за пиење на своите најблиски. Во ова истражување биле опфатени 49 илјади лица.
– Стапката на смртност во Русија во последните 30 години беше поголема поради рестрикциите на алкохолот и промената на социјалната стабилност под водство на претседателите Горбачов, Јелцин и Путин. Вотката е најголема причина за смртта на луѓето – изјави коавторот на студијата Ричер Пето.
Во 1985 година советскиот лидер Михаил Горбачов драстично го намалил производството на вотка и не било дозволено продажба пред ручек. Истражувањата покажале дека консумирање на алкохолот е намалено за четвртина во тој период. Но, кога комунизмот колабираше, луѓето почнале да пијат повеќе и со тоа растела стапката на смртност.
– Кога Јелцин го презеде водството, бројот на млади лица кои починале порасна двојкно. Вотката тогаш секаде беше достапна. Се пиеше во големи количини и на деструктивен начин – изјави Ричард.
Пораснала и стапката на жени што пијат алкохол, но бројот на жени кои починале од алкохол е многу помала за разлика од мажите.
Поголемиот број лица што пијат се и пушачи. Русија се обидела да го спречи зголемувањето на бројот на луѓето кои пијат алкохол, така што во 2006 година се воведуваат високи даноци на алокохол и рестрикции во продажбата.
Според резултатите на истражувањето во 2011 година, еден возрасен Русин пие 13 литри чист алкохол, од што осум литри се вотка.
– Русите отсекогаш пиеле многу. Некои велат дека тоа е поради зимата, но тоа е само изговор. Тоа е животен стил на нацијата кој мора да се менува. Рестрикцијата и даноците треба да се зголемат за да се унапреди социо-економскиот статус на луѓето – изјави професорот Давид Зардизе од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.