Европратеници, поддржувачи на интеграцијата на Македонија во Европската унија, од денеска, на покана на министерот за надворешни работи Никола Попоски, ќе престојуваат во дводневна посета на Република Македонија.
Покрај средбата со министерот Попоски, утре, како што е наведено во соопштението од МНР, е предвидено да остварат средби со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи, како и со пратеници во Собранието на Република Македонија.
Во фокусот на разговорите со европратениците ќе биде напредокот на Република Македонија во исполнувањето на критериумите за членство во Европската унија, особено во клучните реформски области кои се предмет на интерес за пролетниот извештај на Европската комисија за Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Бугарски европратеник: Заев го зборува тоа што секој сака да го слушне!
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому



