| четврток, 6 декември 2018 |

Резил пред „Оскар“ – отстранета номинација поради лобирање

Филмската академија на науките и уметностите на САД направи шокантен и исклучително редок потег отстранувајќи еден од номинираните учесници. Членовите на Академијата го изгласаа предлогот песната „Alone, yet not alone“ од истоимениот филм да биде повлечена од трката за „Оскар“ поради обвинувањата за изборни нерегуларности.

bb1

Композиторот Брус Бротон, кој всушност е поранешен гувернер на музичката гранка на Академијата и актуелен член на Извршниот комитет, ја искористил својата лидерска позиција за лобирање врз другите членови на филијалата.

Бротон призна дека им пишал на некои колеги да ја слушнат неговата песна и да ја имаат предвид бидејќи филмот ретко кој го погледнал, а според него тоа била навистина квалитетна песна.

Сепак, на голем број од членовите на Акадмијата ова „насилно“ туркање на неговата песна и сите пораки кои ги добиле по е-пошта, не им се допаднале и ги сметаат како голем прекршок и притисок врз нив.

На вонреден состанок во вторникот било изгласано Бротон и текстописецот Денис Спигел да бидат отстранети од номинациите, а за да се избегнат уште непријатности, Академијата нема да номинира друга песна на нивно место.

Наместо тоа, во трка остануваат само четири песни, и тоа:

  1. „Happy“ од филмот „Подлиот јас“ (Despicable Me 2) – Фарел Вилијамс
  2. „Let It Go“ од филмот „Снежното кралство“ (Frozen) – Кристен Андерсон-Лопез и Роберт Лопез
  3. „The Moon Song“ од филмот „Неа“ (Her) – Карен О и Спајк Џонз
  4. „Ordinary Love“ од филмот „Мандела: долг пат кон слобода“ (Mandela: Long Walk to Freedom)U2“

Останатите номинации погледнете ги тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top