| четврток, 6 декември 2018 |

Во Петровец се гради ново основно училиште

општина петровец

Министерот за образование Спиро Ристовски денеска го посети новиот објект во градба на основното училиште „Кочо Рацин“ во општина Петровец во кое ќе учат над 520 ученици.

Новиот објект ќе биде готов за 15 месеци.

– Во изминатиот период општината инвестираше во реконструкција и санација  и на останатите училишта во рамките на општината. Инвестицијата во ова училиште претставува сериозна капитална инвестиција која што е и за наредните генерации – истакна Ристовски, додавајќи дека со оваа инвестиција се заокружува комплетната училишна инфраструктура во општината.

Градоначалникот на Петровец Борче Митевски истакна дека новото училиште ќе има 3.500 квадратни метри на приземје и спрат, ќе има 27 училници за 680 ученици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top