| четврток, 6 декември 2018 |

„Пајакот“ во Скопје вчера собрал 89 автомобили

g_pajak-sluzba

СВР – Скопје во текот на вчерашниот ден спроведе засилени контроли во сообраќајот. Притоа, од страна на сообраќајната полиција утврдено е дека: две лица управувале возила под дејство на алкохол, потоа 11 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале шест возачи.Исто така, кај седум лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, за некористење на сигурносен појас изречени се девет прекршоци, за управување на возило со над дозволената брзина 19, за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин – шест прекршоци. Покрај ова евидентирани се 70 прекшоци за непрописно паркирање, за непрописно престројување два прекршока, еден прекршок за неотстапување првенство на мунување на пешаци, за непрописно претекнување – два прекршока, четири прекршоци за зборување на мобилен телефон а со “пајак“ возило подигнати се 89 возила.
Вчера и на подрачјето на СВР Битола, исто така беше спроведена регионална акциска контрола во сообраќајот. Притоа во рамки на тие активности контролирани беа 192 возила и возачи, на технички преглед беа упатени 76 возила, од сообраќај се исклучени 27 возила, додека пак во еден случај исклучен е возач од сообраќај. Истовремено во контролата беа издадени 27 платни налози за констатирана техничка неисправност кај возилата, шест платни налози за управување со нерегистрирани возила, еден платен налог за управување на возило без возачка дозвола, шест покани за глоба за некористење на светла при управување со возило, како и по една покана за глоба за непродолжена важност на возачката дозвола и за постапување спротивно на поставен сообраќаен знак

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top