Македонија е меѓу најниско задолжените земји, им реплицираа денеска позициските на опозициските пратеници кои на продолжението на 82 седница на кое се расправаше за Информацијата за висината, структурата, транспарентноста и намената на јавниот долг на Република Македонија, обвинија дека надлежните институции не ги објавуваат податоците за јавниот долг.
Таквите тврдења, за пратениците од владејачкото мнозинство, се неиздржани, затоа што Владата не криела податоци и е транспарентна, а за резултатите во работењето има потврда од меѓународните финансиски институции. Сите информации за долгот, посочија, се проследуваат и до НБРМ и Еуростат, ММФ, Светската банка, ниту една не е пласирана погрешно и никој од нив не кажува дека долгот и стратегијата за јавен долг се променети во однос на утврденото.
Во образложението на Информацијата, Марјанчо Николов од СДСМ оцени дека Владата живее на кредит, оти секој граѓанин го задолжила со уште по 650 евра и оти ја придвижува државата со задолжување кон состојбите кај јужниот сосед.
Реплицирајќи, Ромео Тренев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Македонија е далеку од таквите состојби.
„Кажавте дека државата зема кредити, но не и оти враќа пари од кредити кои ги зела вашата влада“, наведе Тренев, истакнувајќи дека оценките од меѓунаридните финансиски институции и фактите покажуваат оти Владата добро се снаоѓа со јавните финансии.
„Како може да кажете дека сме го зголемиле долгот, кога 38 проценти кога вие бевте на власт е повеќе од 34 проценти. Сега е 34 проценти и тоа се непобитни факти“, рече Тренев, укажувајќи на извештајот на Светска банка според која Македонија е четврта најниско задолжена земја во Европа.
Неговиот сопартиец Влатко Ѓорчев смета дека Македонија е ниско задолжена земја, со позитивни резултати во работењето и во услови на економска криза. Праша зошто опозицијата премолчува дека БДП од 2005 година е зголемен од 4,814 милијарди евра на 8,031 милијарди евра, како и дека просечниот извоз во изминатите неколку години е дуплиран.
„Во последната година од Владата на СДСМ извозот на Македoнија бил милијарда и 600 милиони евра, а извозот заклучно со ноември 2013 година е 3.300.000.000 евра, што е двојно повеќе од извозот во ваше време. Зошто не го кажете податокот дека вкупниот долг на централната Влада, како процент од извозот е 112 проценти. Сега тие 112 проценти се намалени на 82 проценти. Значи во време на најголеми економски кризи, кога банкротираат банки, ние го имаме намалено за 20 проценти нашиот долг како процент од извозот“, рече Ѓорчев.
За Надица Танчева Тулиева од ВМРО-ДПМНЕ Андонов ја манипулира јавноста. „Кога Македонија се задолжува од странски кредити ние носиме тука закони. Зошто тогаш велите дека Владата го крие долгот“, праша Тулиева.
Собранието треба да продолжи со работа во 15 часот, по редовната и паузата на барање на ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст