| четврток, 6 декември 2018 |

Под балтичкото море е откриена Атлантида? Под морското дно е пронајдена древна населба

Нуркачите во Шведска открија ретка колекција на артефакти од камено време, кои биле сокриени длабоко под Балтичкото море. Археолозите веруваат дека реликвиите зад себе ги оставиле шведските номади пред 11.000 години, а откритието би можело да биде доказ за еден од најстарите праисториски населби било кога откриени во скандинавското подрачје.

Некои од реликвиите се добро зачувани, а стручњаците новото откритие го нарекоа шведска Атлантида и сугерираат дека и оваа населба најверојатно ја проголтало морето на сличен начин како што се случило со митскиот остров во Атланскиот океан, а за чие постоење нема цврсти докази.

Древните предмети ги открил професорот Бјорн Нилсон од Универзитетот Содертон, а тимот од Универзитетот Лундс во текот на нуркачката авантура во Шведска во близина на островот Хано во Балтичкото море. Шестаесет метри под морското дно, Нилсон со колегите ископал дрво, рогови од животни, орудија…Меѓу значајните ископини е и харпунот изработен од животниска коска на древното животно наречено диво говедо (aurochs на англиски). Дивите говеда се претци на денешните домашни говеда и живееле во Европа се до нивното истребување, во раните  1600-ти години. Ова откритие е важно бидејќи може да помогне во итврдувањето на периодот на користење на пронајдените артефакти. Многубројните реликвии се добро зачувани благодарение на тоа што локацијата на која се пронајдени е богата со наслаги од „gyttje“, црн желатински талог кој се формира кога тресетот ќе почне да скапува. Малото количество на кислород исто така помага во заштитата на артефактите од пропаѓање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top