Во Боливија е прогласена вонредна состојба поради поплавите во кои во последните два месеца загинаа најмалку 30 лица. Вкупно 21 илјади семејства беа приморани да ги напуштат домовите.
Одлуката на боливискиот потпретседател Алваро Гарсија Линеро да прогласи вонредна состојба овозможува распределба на средствата во износ од најмалку еден милион долари на жртвите во поплавите.
Од водената стихија најзагрозени се подрачјата на градовите Ла Паз, Бени, Санта Крус и Кочабамба.
Шефот на боливиската Управа за цивилна одбрана Оскар Кабреба изјави дека десет луѓе загинале при лизгање на земјиште предизвикано од поројните дождови во градот Руренабаке.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.