| четврток, 6 декември 2018 |

Незавидна положба за Кики – избираше помеѓу двете негови Александри

Двете кандидатки со најмалку гласови од публиката синоќа, беа девојките кои веќе еднаш се нашле во оваа непријатна позиција. Задачата да ја испеат својата песна за спас на крајот на четвртата емисија во живо на „Икс-фактор“ им припадна на две кандидатки од тимот на Кики Лесендриќ – Александра Брковиќ и Александра Секулиќ.

1621958_743155452364163_1657583868_n

Александра Брковиќ

Во најнезавидна положба беше нивниот ментор кој мораше прв да каже која Александра сака да го напушти шоуто.

Секулиќ која во претходната емисија благодарение на жирито излезе како победник од дуелот со „H2O“, поточно Фифи и Маринела, овојпат беше послаба од својот противник.

1176406_743163585696683_583369804_n

Александра Секулиќ

Жирито гласаше дома да се испрати една од најубавите, но и вокално најслабите кандидатки во шоуто, Александра Секулиќ.

Вчера на „Икс-фактор“ кандидатите пееја песни кои самите им ги предложија на своите ментори. Единствениот наш претставник, Даниел Кајмакоски, го отвори шоуто со хитот на „One republic“ – „Counting stars“ и доби одлични коментари од жирито.

Редовното препукување помеѓу Кристина Ковач и Жељко Јоксимовиќ вчера и не беше толку забележливо колку несогласувањата помеѓу двете женски судии – Кристина и Емина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top