| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Србите ќе го менуваат календарот, а Божик ќе го слават во декември?

bozik 2013 (11)

На собирот на поглаваритет на сите канонски православни цркви што ќе се одржи во Цариград на 9 март, една од темите за која ќе се разговара ќе биде дали за православните верници Исус Христос и понатаму ќе се раѓа два пати: на 25 декември и на 7 јануари, пишува српскиот портал Телеграф.рс.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ги повикал челниците на православните цркви на состанок во Цариград на 9 март заради планирање на Сеправославен собир што треба да се одржи идната година.

Како што се очекува во Цариградската патријаршија,собирот би требало да претставува сериозен напор кон единството на православниот свет и кон унапредување на соработка меѓу православните цркви.

Една од десетте теми кој се предвидени е и прашањето за еднообразноста на календарот.

Мислењата на експертите во Србија и Српската Православна Црква се поделени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top