
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денеска во Собранието ја праша Радмила Шекеринска каков е тој стан од кој за кирија месечно добива по повеќе од 5.300 евра.
„Госпоѓо Шекеринска, во поглед на вашиот анкетен лист, На едно место велите дека годишен приход од издавање стан имате 3.911.641 денар или преведено во евра, госпоѓо Шеќеринска, значи дека од издавање на само еден стан годишно вие остварувате приходи од 63.811евра или, госпоѓо Шеќеринска, тоа значи дека вие за издавање еден стан инкасирате по 5317 евра месечно. Е баш ме интерсира, немојте мене да ми одговарате, но завртете се на вашата пратеничка група, овие луѓе кои доаѓаат од секаде од Македонија и патуваат по три часа за да дојдат на седница. 5317 евра, толку докторите во Германија не заработуваат месечно. Значи доктор-специјалист во Германија незаработува толку колку што вие заработувате од издавање еден стан, според Вашиот анкетен лист. Затоа, госпоѓо Шекеринска, кога ширите нервоза и омраза кон сите околу вас, прво завртете се сама кон себе и преиспитајте ги сите прашања што се поврзуваат со вашето име – рече Илија Димовски.

Инаку, според имотниот лист, Радмила Шекеринска и нејзиното семејство имаат завидна имотна состојба. Според податоците објавени на веб-сајтот на Антикорупциската комисија, Шекеринска и семејството имаат пријавен имот од околу 350.000 евра. Тука не е пресметана вредноста на станот на сопругот на Шеќеринска од 61 квадрат во Скопје. Покрај него, брачната двојка Шеќеринска-Јанковски има и два стана во Скопје со вкупна површина од 228 квадрати и уште еден стан во Охрид од 60 квадрати. Во имотниот лист, освен 19.000 евра кои Шекеринска ги чува во банка, не се наведени сумите на останатите картички и орочени депозити.
ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци ја обвини Шекеринска дека не ја пријавила и луксузната вила во Маврово, но заменичката на Заев изјави дека станува збор за имот на нејзината свекрва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Софија Куновска: Само Кили ја има точната реплика за Рада во овој момент
-
Пелените исчистени, но реата уште ги мачи дел од соседите


