| четврток, 6 декември 2018 |

Фотогалерија од цимерите во соба 1601

На најоргинален начин нашиот „министер за одбрана“ Борко Ристовски ги објави фотографиите од собата каде што престојуваше на ЕП во Данска. Цимер на Ристовски му беше нашиот најдобар играч Кирил Лазаров. Тие двајца секогаш се заедно кога македонската ракометна репрезентација настапува надвор од Македонија. Мотивацијата никогаш не изостанува меѓу нив двајца и пред секој натпревар си поставуваат стандарди. На официјалниот веб-сајт на Кирил Лазаров стои фотографија на која Ристовски со приватни фотографии од случувањата во собата ја претставува атмосферата меѓу двајцата пријатели.
Таквиот дух меѓу нив се надеваме дека ќе продолжи и натаму во репрезентативната кариера и со желба таа да се прошири и кај останатите репрезентативци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top