Во моментов во Македонија има 1,001, 140 корисници на социјалната мрежа „Фејсбук“ (Facebook) со што земјава го зазема 83. место на светската ранг-листа на земји што користат „Фејсбук“.
Навлегувањето на „Фејсбук“ во Македонија е 48,58 проценти што значи дека бројот на отворени профили од Македонија е близок до половина од бројот на населението, што не е случај во практика затоа што често некои корисници имаат и по два или повеќе профила, а иако тоа според правилата на компанијата не би требало да го прават, свои профили отвораат и правни лица.
Според истражувањата на специјализирани агенции, овие денови дури 93,61 проценти од луѓето што користат интернет во Македонија имаат свој профил на „Фејсбук“.
Само во последниве шест месеци бројот на корисници на оваа социјална мрежа во земјава пораснал за 62.640 или за речиси три проценти од вкупниот број на населението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.