Иако не е првата со слична судбина, асистентката од основно училиште во Масачусетс Кејти Пирсон е пред отказ, откако се фотографираше гола за насловната страница на модното списание „Моделс манија“.
23-годишната Пирсон е суспендирана откако на интернет беа споделени делод нејзините провокативни фотографии, пишува „Фитсбург Телеграф“.
Спорните слики анонимно пристигнале и во училиштето на 17. јануари, а покрај нив во пликот биле и коментарите за нејзината работа, изјавил директорот на училиштето, кој додал дека додека трае истрагата и расправата за тоа дали Кејти треба да продолжи да работи, таа е суспендирана.
Фотографиите се објавени и на нејзиниот профил на „Фејсбук“, како и на веб-сајтот на „Моделс манија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








