| четврток, 6 декември 2018 |

Светска банка: Невработеноста во Македонија позабрзано ќе се намалува

vrabotuvanjeНевработеноста во Македонија позабрзано ќе се намалува – резултатите од владините политики допрва ќе почнат да даваат посериозни резултати, оценува Светската Банка.

„Иако Македонија е во групата средно модернизирани држави, најновите напори за зајакнување на пазарните институции го намалија јазот со напредните држави“ се вели во Извештајот кој ги анализира пазарите на труд во Европа и Централна Азија.

Сепак, според експертите на Светската Банка, на земјата и претстои долг пат за целосно надминување на проблемите кои се таложеле со децении.

„Македонија е една од државите во регионот кои вложија најмногу напори за модернизација и реформи, во подобрување на капациетот на институциите и на регулативата со што му овозможува на приватниот сектор да се развива и да креира работни места… Во Македонија се намалил уделот на јавната администрација во вкупната вработеност и овој тренд треба да се задржи“ оценуваат од Светска Банка.

Од таму советуваат во идниот период државата да се фокусира на три области: олеснување на отворањето, но и затворањето на фирми, реформи во социјалното и здравственото осигурување, како и подобрување на вештините и продуктивноста на населението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top