Селекторот на Италија, Чезаре Прандели, вели дека има доверба во Марио Балотели и знае што му треба за да игра на врвно ниво. Тој застана во одбрана на контроверзниот напаѓач на Милан, кој направи нов гест за осуда откако влезе во конфликт со навивачите на Калјари, но само вербално. Медиумите во Италија ја осудија гестикулацијата на Бало, по израмнувачкиот гол за Милан, но Прандели застана во одбрана на Супер Марио.
– Балотели ќе научи како треба да се однесува, само му треба малку внимание и љубов. Седорф знае како да се однесува со него и ќе умее да го скроти неговиот темперамент. Балотели е иднината на Милан и тој ќе биде важна алка во тимов и понатаму – вели Прандели.
Марио игра стандардно и во репрезентацијата на Италија, а селекторот на „аѕурите“ се надева дека вистиннскиот Балотели ќе блеска кога ѝ е најпотребно на Италија, на Светското првенство во Бразил годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.