| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во фокусот на Детскиот филмски фестивал во Сиетл

zarce1
Оваа година  Детскиот филмски фестивал во Сиетл  ја стави Македонија во фокусот со прикажување пет кратки играни филмови наменети за младата публика поддржани од Филмскиот фонд на Македонија, како и еден документарен филм произлезен од Школата за креативен документарен филм „Актив“.
На фестивалот ќе бидат прикажани и филмови на браќата Манаки, кои дигитално беа реставрирани со проектот на Кинотеката на Македонија. Филмовите на браќата Манаки ќе бидат придружувани со македонска музика во изведба на Драги Спасовски и Дејвид Билдес.
Спасовски и Билдес работат од 1996 година и ја промовираат македонската и балканската музика.
Во програмата на фокусот на Македонија ќе бидат прикажани следниве филмови: „Бардо“ на Марија Апчевска, „Жарче“ на Томислав Алексов, „Образ“ на Стефан Сидовски, „Девојчето со кибритчињата“ на Филип Матевски, „Гејм овер (Game Over)“ на Зоран Мишевски
„Пролет во лето“ (Spring in Summer) на Един Алија, Мила Радоњиќ и  Вања Ристиќ (Школа за креативен документарен филм Актив).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top