| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски со честитка по повод празникот – Свети Сава

gruevski4Името и делото на овој значаен светец и просветител останува во континуитет да се одбележува во културното, духовното и историското наследство на српскиот народ, но и воопшто во црковната историја на Балканот. Неговиот живот, впрочем како и животите на низа други мислители и дејци кои потекнуваат од овие простори, оставил траен белег во негувањето и ширењето на христијанска мисла и подигнувањето на верски храмови на Балканот, оставајќи зад себе трајни вредности базирани на меѓусебното почитување, заемната доверба, соживотот и вербата во Бога. Тоа се вредности кои народите на овие простори ги негувале со столетија и биле силна поткрепа низ времињата – стои во честитката од премиерот Никола Груевски испратена по повод празникот Свети Сава.

Понатаму додава:

– Одбележувајќи го денешниот празник, дозволете ми да го изразам своето уверување дека Република Македонија ќе продолжи да се развива и унапредува, цврсто негувајќи ги принципите на меѓусебно почитување, уважување, соработка и соживот на националните заедници во нашата земја. Воедно празнувајќи го и Денот на српската заедница во Република Македонија изразуваме високо меѓусебно почитување базирано на силните врски, традицијата и меѓусебната соработка. Уверен сум дека српската заедница, како досега, така и во наредниот период, ќе има свој активен придонес во почитувањето и ширењето на ваквите вредности. Таквиот пат е единствениот пат кој води кон силен економски подем, подобрување на стандардот и животот на нашите граѓани, перспективна, напредна и модерна Република Македонија, нешто за што е потребен заеднички напор и влог на сите граѓани. Честитајќи ви го празникот Свети Сава, ви посакувам добро празнично расположение, среќна слава за сите граѓани кои овој ден го прославуваат како своја куќна слава, како и добро здравје, среќа и бериќетна 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top