| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадаречки „Фени“ ќе го спасува пехчевски „Бомекс“

feni_16Кавадаречки „Фени“ ќе помогне да заживее пехчевската фабрика за огноотпорни материјали „Бомекс“. Имено, американската корпорација „Кунико ресурси“ преку компанијата „Фени“ од Кавадарци го купи „Бомекс“ и формира нов правен субјект со име „НОВА рефрактори“.

За сума од 14 милиони евра, „Фени“ стана сопственик на „Бомекс“ откако поради долгови просториите на фабриката беа продадени од страна на извршители. Инаку, групацијата „Кунико ресурси“ е најголем производител на феро никел во Европа и 4 најголем во светот. Со преземањето на „Бомекс“, идејата е оваа фабрика во Пехчево да произведува огноотпорни материјали за потребите на топилниците на никел што ги поседува оваа групација.

Овој влез на „Фени“ во Пехчево нуди спас за 105 вработени од некогаш најголемата фабрика во Пехчево. Најверојатно во старата фирма ќе останат уште 25 вработени, кои ќе бидат преземени откако „НОВА рефрактори“ ќе го прошири производството.

Идејата е „НОВА рефрактори“ во Пехчево да обезбеди егзистенција и за вработените, но и да придонесе за целокупниот развој на малешевската општина.

Преземањето на „Бомекс“ од страна на„Фени“ доаѓа во период кога некогаш најголемата пехчевска фирма ги минува своите најтешки моменти. Фирмата, која произведува огноотпорни материјали, досега се соочуваше со големи финански проблеми и нередовна исплата на плати, што беше и причина за неколку штрајкови на вработените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top