Оваа пролет доаѓаат црно-белиот оксфордски стил и јаките флуоресцентни бои. Линиите и во двата случаи остануваат класични и чисти. Такви се модните тенденции претставени од креаторот Ралф Лорен уште за време на Модната недела во Њујорк есента. Пролетната колекција на креаторот изобилува со кратки здолжништа и фустани, црно-бели сакоа, вратоврски и јаки. Класичните црни чевли со оптегнати чорапи до колена се идеален завршеток на изгледот и потсетуваат на Англија од 60-тите години на минатиот век.

Друг акцент во колекцијата се става на големите кружни очила, кои станаа тотален хит минатата година. Од стегнат ученички стил, Ралф Лорен смело преминува кон блескавите флуоресцентни бои.

Моделите се правилни, материјалите паѓаат и ја оцртуваат женската фигура. Боите се јаки и флуоресцентни – циклама, кобалтно сино, црвено и портокалово.

По цветното разнообразие следуваат чисто бели фустани, кои нѐ враќаат во Њујорк со неговиот типичен градски шик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


