Никола Карабатиќ очекувано е избран за најкорисен ракометар на Европското првенство во Данска откако во финалето ги предводеше Французите до блескава победа и златен медал, а во две статистички категории меѓу првите 10 се и нашите Кирил Лазаров и Филип Миркуловски. Лазаров е четврти стрелец на шампионатот со 38 гола и ја препушти титулата од Европското првенство во Србија во 2012 година, кога со 61 погодок беше „крал на стрелците“. Овојпат признанието му припадна на Жоан Канејас со 50 гола, а зад шпанскиот репрезентативец и пред Лазаров се и Сигурдсон од Исланд со 44 погодоци и Микел Хансен со 39 гола.
Филип Миркуловски е седмопласиран на листата најдобри асистенти. Ракометарот на Металург има 26 прецизни додавања.
Вообичаено, избран е и најдобиот тим на првенството, а меѓу седумтемина одбрани само Данска има двајца играчи.
Еве го иделаниот тим на ЕП:
Голман: Ландин (Данска)
Лево крило: Сигурдсон (Исланд)
Лев бек: Хансен (Данска)
Среден бек: Дувњак (Хрватска)
Десен бек: Лиевски (Полска)
Десно крило: Абало (Франција)
За најдобар дефанзивец е избран Тобијас Карлсон од репрезентацијата на Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


