| четврток, 6 декември 2018 |

Сирија: Асад може да биде тргнат само на избори

asadЗа судбината на претседателот Башар aл-Асад може да решава само сирискиот народ на избори, изјави заменик-премиерот на Сирија, Фајсал Мекдад. Според него, меѓународната мировна конференција во Женева е вистинскиот начин да се избегне интервенција на САД, Франција, Турција и Саудиска Арабија.

Делегацијата на сириската влада и опозицијата продолжуваат со преговорите во ОН во присуство на меѓународниот претседател, а на дневен ред ќе се најдат хуманитарни прашања. Портпаролот на ОН истакнал дека двете страни се сретнале во седиштето на ОН во присуство на Лахдар Брахими кој се обидува да посредува во составувањето на мировниот договор за ставање крај на војната која трае речиси три години.

Претходно сирискиот режим се согласи жените и децата да ги напуштат подрачјата што се под опсада на бунтовниците во Хомс и централна Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top