Британската пејачка Сузан Бојл, можеби, е милионерка, но тоа не ја спречило да се пријави за работа која е платена минимално – седум евра на час.
Како што пишуваат британските медиуми, Бојл се пријавила на еден конкурс за работа во обложувалница во Блекбурн, Шкотска, каде што живее.
Пејачката дошла на разговор во обложувалницата, каде што се сретнала со заменик-менаџерот Дејвид Корон. Тој на новинарите им изјавил дека сите биле во шок кога Бојл се појавила во обложувалницата барајќи работа на благајната, со скратено работно време.
Иако нејзините обожаватели се изненадени од тој потег, тие што ја познаваат велат дека ѝ е важно да има работа која ќе ѝ помогне да се интегрира во локалната заедница. Работата не ѝ е потребна поради пари, туку повеќе ѝ одговара бидејќи обложувалницата се наоѓа во непосредна близина на нејзината куќа. Работата на благајна би ѝ помогала да остане во контакт со луѓето,, пренесува „Дејли мејл“. Богатството на Сузан Бојл се проценува на околу 25 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.