| четврток, 6 декември 2018 |

Руска Енциклопедија: Александар Македонски бил Македонец

Деновиве на социјалните мрежи се појави нов спам, насловен Русија докажа дека Александар Македонски е Македонец. Можеби се работи за спам, но сепак, навистина постои руска енциклопедија која зборува за потеклото на Александар Македонски. Според факсимилното издание на руската „Илустрирани белешки од 16 век“  Александар Македонски е Македонец, и има голема поврзаност меѓу сегашните Македонци и Александар Македонски. Низ книгата и историските цртежи се гледа што рускиот цар Иван Грозни и неговите блиски соработници знаеле и мислеле за Александар Македонски. Наоравено е ново издание на древната книга, која денес се чува во најпознатите музеи во Санкт Петербург и Москва. Оваа екциклопедија покажува колку Русите знаеле за битките на Александар Македонски против сите хелени и варвари.

Во вториот том од повеќетомното издание на Илустрирани белешки е претставен животот и подвизите на Александар, царот Македонски. На една од илустрациите објавени во книгата се гледа Пела, главниот град на Македонија од времето кога царувал Александар. Веќе на следната слика е прикажано како Александар ја освоил Илија, Пеони и Тривада. Прикажана е и битката на Александар со хелените и варварите. На еден од цртежите е прикажано како тој ги покорил сите хелени и варвари. Од тој цртеж, сметаат историчарите се извлекува доказот дека Александар Македонски не бил Грк, бидејќи сигурно не би војувал со своите.

Во „Илустрирани белешки“ е прикажана и историјата на Византија, каде е опишана македонската династија на византиските императори, почнувајќи од биографијата на нејзинито основач Василиј до Александар Македонски, кој ја создаде големата империја.

Руската книга која содржи ликови нацртани од луѓе има 10 илјади страници со повеќе од 17 илјади цртежи, прозорци на историјата. Ја дизајнирале посебни дизајнери, кои стручно обработувале како ќе изгледа секоја страница, за изгледот на копијата од историските цртежи да биде верна на оригиналот. За ова Русите потрошиле речиси две години. Под секоја фотографија е оставено објаснувањето на стариот антички јазик. Книгата е шиена рачно.

„Илустрираната белешка“ е голема енциклопедија за светот и Русија за периодот на Иван Грозни. Се уште не се знае кој ја напишал историската книга. Се верува дека фотографиите ги правеле мајстори кои ја отсликувале внатрешноста на Кремаљ. Но никаде не пишува кој би можел да биде автор на таа книга. Се претпоставува дека е можеби митрополитот Макариј, за кој се тврди дека бил исклучително паметен човек. Дури се претпоставува дека на Макариј му сугерирал и царот Иван Грозни, бидејќи на последниот том на маргините рачно е напишано што треба да се поправи, а се смета дека тоа го направил токму царот Иван.

Издавањето на книгата го финансирал Русинот Владимир Јакуњин, еден од сопствениците на новата фабрика во Бунарџик, „Продис“. Тој е сопственик и на најмоќната фармацевтска компанија Протек. Неговата цел била да допринесе младите поколенија да ја научаи својата историја. Се работи за скапа книга. Руската илустрирана енциклопедија беше промовирана во Македонија, во МАНУ, но се уште ја нема во македонската универзитетска библиотека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top