Во деведесетите години на минатиот век беше една од водечките светски пејачки, а сега одлучи да стави крај на својата кариера. Тони Брекстон, лија музичка кариера ја одбележа песната „Un-Break My Heart”, во интервју за Good Morning America објавува дека дојде крај на нејзината 20 годишна кариера.
-Не го чувствувам тоа повеќе, она што го чувствував секогаш кога настапував. Не сум сигурна што ќе правам во животот. Можеби сум во женска криза на средни години. Моето срце веќе не е во музиката, мразам што морам тоа да го кажам. Повеќе нема да снимам албуми. Можеби повремено ќе настапувам некаде, тоа е она што го сакам. Но нови проекти нема да има – вели и додава дека ќе продолжи да работи на својата актерска кариера:
-Би сакала да глумам лезбејка. Не знам зошто. И да снимам сцена со бакнување…Нешто сосема поинакво од она што луѓето го очекуваат од мене.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.