Добрите пријателски односи меѓу Македонија и Србија, базирани на заемно почитување, водење добрососедска политика со заложба за искористување на економските потенцијали кои стојат на располагање меѓу двете држави.
Ова го констатираа премиерот Никола Груевски и неговиот српски колега Ивица Дачиќ, на денешната средба во Владата.
– Соговорниците се согласија дека динамизирањето на контактите ќе придонесе за соработка на различни полиња и реализација на конкретни проекти, а со цел заедничко напредување на перспективата на целиот регион, особено кон исполнување на стратешката цел за европска интеграција – информира владината прес-служба.
Премиерот Груевски истакнал дека заедничката посветеност кон реализација на стратешките цели и економскиот развој отвора нови перспективи и овозможува помирување и затворање на отворените прашања од минатото во целиот регион.
Во овој контекст, како што се наведува во соопштението, успешната регионална соработка која може да се забележи на повеќе конкретни полиња, и пред сѐ манифестирањето на добра политичка волја од двете страни е уште една потврда за развојот на односите меѓу двете држави и прифаќањето на европските вредности.
Премиерот Груевски потенцирал дека двете држави имаат интерес и можности за искористување на потенцијалите во повеќе сфери од заеднички интерес, како што е економијата, особено инвестициите и развојот на трговската размена, претприемништвото, прекуграничната соработка и културата.
На средбата, премиерот Груевски истакнал дека и двете држави посветено работат на создавање поволни услови за инвестициски напредок и привлекување на што е можно повеќе капитал кој би значел отворање нови работни места.
– Истовремено, може да се најде и заеднички интерес во неколку значајни проекти од инфраструктурен карактер кои би придонеле за интензивирање на соработката – стои во соопштението.
Премиерот Груевски посочил дека и двете држави ќе продолжат со искористување на заедничките искуства во реализација на евроатланските интеграции, останувајќи посветени на тој процес како суштествено важна цел и за целиот регион.
Во поглед на потенцијалите за развој на меѓусебната соработка, премиерот Груевски истакнал дека српската заедница, како досега, така и во наредниот период, има свој активен придонес во почитувањето и ширењето на ваквите вредности и цели.
Премиерот Дачиќ истакнал дека односите меѓу двете држави се на највисоко ниво, поздравувајќи го нивното интензивирање, како добар пример за развој на односите меѓу две соседни држави. Според Дачиќ, постојат добри примери и мерки кои се применуваат во Република Македонија и значително искуство, кои може да се искористат и применат во други полиња надвор од државата. Тој посочил дека разговорите за повеќе проекти од заеднички интерес покажуваат оти и натаму сме приврзани за унапредување на билатералните односи на сите нивоа.
– Соговорниците се согласија дека добрите политички односи кои постојат меѓу државите треба да се интензивираат и развиваат на секое ниво, преку промоција на заедничките сфери на интерес кои ќе донесат напредок на заемните односи меѓу државите – информира владината прес-служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии