Во петокот била избегната несреќа откако екипа од Австралиската Телевизија ИНТВ заглавила во Маврово додека се снимал видео спот за австралиска пејачка.
Спотот за фолк пејачката Зоре Мицевска која поради тоа дојде дури од Австралија се снимал на неколку локации во Маврово.
-Една од сцените на која инсистирала самата пејачка била сцена на снег каде го одбрала ски центарот за која екипата за да се искаче морала цела опрема да ја однесат во жицара вклучувајки и 12 метарски кран иако имало големо невреме и големи виулици. После снимањето на една од сцените дел од екипата се спуштила по жичара, а на скијачкиот терен останала само екипата и вработените. Од екипата било побарано за потреби на снимањето да се запре жичарата додека еден член останал на пола планина сам на жичарата, тоа не го забележал никој и еден час незнаејќи што се случува останал сам среде планина немајќи друг избор во паника скокнал од жичара и буквално се затрупал во снегот, за по еден час кога се спуштала другата екипа го приметила па веднаш реагирале вработените во жичарата и бил спасен. Зоре Мицевска е една однајпознатите Македонски пејачки која живее и работи во Австралија има настапувано заено со повеќе изведувачи од Балканската сцена а со дел од нив е и куќенпријател.Песната за новиот спот е насловена “Јас немам веќе солзи”, пренесува Орбис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.