Продолжувањето на проектот на бесплатна климатска рекреација на пензионерите, премиерот Никола Груевска изјави дека е резултат на фактот што тој се покажал како мошне успешен и за него имало голем интерес како во оваа така и во изминатите години.
– Во изминатите години интересот беше огромен. За годинава се обезбедни средства за 5.500 пензионери да отидат на бања бесплатно, бидејќи трошоците ги покрива државата. Огласот е веќе објавен, трае до 14 февруари. Исто како и минатите години, и годинава овој проект е успешен и за него има голем интерес од пензионерите, истакна Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на 60 нови книги од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.
Додаде дека при неговите посети на објектите за бањско-климатска рекреација каде пензионерите го користат ова право, забележал оти тие се многу задоволни и речиси да немале замерки.
– Тие беа задоволни од можноста што можат да посетат бања. Некои од нив претходно воопшто немале можност тоа да го направат. Овој проект продолжува и натаму. Сите што се заинтересирани можат да се пријават до 14 февруари. Интересот е огромен и се надевам дека годинава ќе продолжи со иста динамика и успешност како и претходните години, рече премиерот.
Досега ова право го искористиле околу 20 илјади пензионери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии