Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати и лидерот на партијата на Албанците во Македонија – ДПА, Мендух Тачи се сретнале во Поградец , каде што разговарале околу актуелната политичка состојба во Македонија .
Информацијата ја пренесува самиот Бушати на Твитер, наведувајќи дека во ценатерот на вниманието биле имплементацијата на Охридскиот рамковен договор во Македонија и актуелните состојби во регионот.
Оваа е прва средба на Меднух Тачи со министерот Бушати, по победата на левицата во Албанија. Инаку пред една седмица Дитмир Бушати имаше средба, исто така, во Поградец, град кој е на брегот на охридското езеро на албанска страна со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


