| четврток, 6 декември 2018 |

Жените паѓаат на доктори, а мажите на адвокатки и новинарки

Жените кои сакаат да исправаат неправди, а притоа остануваат ладнокрвни и не драматизираат, е добитната комбинација за мажите кога се во прашање нивните желби.

И додека жените главно најмногу сакаат доктори, новото истражување покажа дека на мажите најчесто им се допаѓаат адвокатки или новинарки.

Освен адвокатки, кои истовремено се борат за човековите права, на врвот на машката листа се наоѓаат и новинарките, бидејќи нив мажите ги доживуваат како интелигентни, со брзи реакции и секси стил.

Доколку сте маж, треба да знаете дека доктор е најпривлечната професија за жените, кои ги гледаат како грижливи, полни со поддршка и авторитет.

Истражувањето го спроведе Мари Балфор, која ја предводи првата британска агенција за пронаоѓање двојки со навршени 30 години.

Во минатата година адвокатките кои се борат за човековите права и новинарките беа оценети како најпривлелни и „жени од сништата“, додека за жените тоа беа докторите, архитектите или некои креативни занимања.

Оваа анкета покажува дека модерните жени очигледно бараат маж кој се занимава со креативна работа или оние во кои се искажува грижа кон другите, додека моќниците, како што се банкарите, се во втор план.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top