| четврток, 6 декември 2018 |

Гол во вистинско време за Ристовски, ем деби, ем победнички за Латина (видео)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски во вистинско време го постигна својот прв гол за Латина во втората италијанска лига, победнички во 93 минута против Емполи. Латина славеше со 2-1, а радост во битката за евентуален настап во бараж дуелите за влез во Серија А донесе токму Македонецот.

Мечот беше возбудлив, а сите голови паднаа во последните петнаесетина минути. Најпрво Тавано во 75. минута му донесе предност на гостинот, на Емполи, а израмни Џеферсон 240 секунди подоцна. Во самиот финиш на сцена стапи Ристовски и со удар со глава постигна победнички гол за Латина.

По 22 кола, Латина со 33 бода е осмопласирана, позиција што е последна која води во доплнителните квалификации за евентуален пласман во Серија А.


lat emp 2 1 by Tifosando

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top