Антивладините демонстранти за време на протестите во четвртокот вечерта ја презеле контролата врз зградата на Министерството за земјоделство, објавија локалните медиуми кои истакнаа дека за време на упадот во објектот обезбедувањето не пружило отпор. Според еден од учесниците во протестите, во таа зграда ќе биде сместена група која „ќе извршува функции на вооружени сили”, пренесува ИТАР-ТАСС.
Лидерот на украинската опозиција Виталиј Кличко ги повика приврзаниците да организираат генерален штрајк, а според информациите на украинските медиуми демонстрантите подигнале барикади околу заземените објекти на државната администрација во Лавов и Ровн, со цел да се заштитат од евентуални напади на полицијата.
-Властите мора да се соочат со генерален штрајк. Ако бидеме обединети, нема да не поразат. Ќе живееме во нова Украина уште оваа година, им порача Кличко на своите привзаници и поддржувачи.
Учесниците во демонстрациите побараа веднаш да се одржат состаноци на регионалните совети со цел усвојување резолуција за ситуацијата во државата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


