Адолф Хитлер бил вегетаријанец! Постојано бил на вегетаријанска диета. Ова за весникот „Тајмс“ го открива деведесетипет годишната Маргот Волк која секогаш прва ја пробувала храната која ја конзумирал Хитлер.
Водачот на Третиот Рајх јадел само свежо овошје и вегетаријанска храна. Во текот на Вторатата светска војна, додека сопругот на Волк бил испратен на фронтот таа била регрутирана од припадниците на СС единиците и одведена на работа во Источниот коменден штаб, познат како „Волчјо дувло“, што сега се наоѓа на територија на Полска. Нејзината единствена работа била да ја пробува храната.
– Секој ден, меѓу 11 и 12 часот морав да ги пробам и да го јадем сето она што тој ден му се носеше на Хитлер за да фирерот не биде отруен – изјави Волк за лондонскиот весник.
Храната на Фирерот му ја носеле само најдоверливите СС-овци.
Таа открива дека уште во триесеттите години, организацијата на хитлеровата младина почнала со пропагирање на вегетаријанството и популаризирањето на сојата, како замена за месото. Во 1942 година официјалната нацистичка пропаганда најавила дека по завршувањето на војната и германската победа, цела Германија ќе биде вегетаријанска.
Во годините на младоста и пред Втората светска војна, Хитлер не бил вегетаријанец. Од 1941 до есента 1944 година, нацистичкиот водач поминал 800 денови во „Волчјото дувло“.
Се верува дека Волк е последниот жив дегустатор на храна за Хитлер. Таа сега признава дека секогаш стравувала дека ќе биде отруена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


