Битолскиот камерен оркестар во иднина ќе работи во рамките на НУ Центар за култура, со што ќе се обезбеди сигурна и континуирана работа на оркестарот, соопшти директорот на битолскиот Центар за култура, Борче Димитровски. Тој посочи дека одлуката за работа на битолскиот камерен оркестар во рамките на НУ Центар за култура претставува поддршка на еден од најзначајните проекти во оваа година. Ја претстави и програмата за работа во 2014 година.
– Камерниот оркестар годинава почнува да работи во рамките на НУ Центар за култура. Ја утврдивме и концертната програма на оркестарот, која ќе почне со Велигденски концерт, а до крајот на годината ќе има уште најмалку три концерти во Битола, но и други бројни настапи во рамките на дисперзираната програма што Министерството за култура ја презентира во општините и центрите за култура низ државата – истакна Димитровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот театар во Гостивар првично ќе вработи 27 лица
-
Концерт на Исмаил Лумановски, Игор Бакревски и Марија Вршкова во Битола
-
Поради временските неприлики утрешната претстава на „Охридско лето“ ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“
-
Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе добие нов лик