Уредникот на неделникот „Денес“, Милан Банов, кој во 1998 година ја објави љубовната афера на првиот македонски претседател Киро Глигоров, тврди дека поради објавена афера, во тоа време новинарите во весникот биле изложени на силен притисок, особено од другите медиуми, кои дури барале да се затвори весникот и да им се суди на авторите поради нарушување на угледот на претседателот. Банов за „Нова Македонија“ тврди дека, сепак, тие ги издржале сите притисоци, особено поради фактот дека извор на информациите била сопругата на претседателот, Нада Глигорова, која инсистирала да се објави аферата.
– Тоа се случи по атентатот и тој тогаш уживаше огромен углед во јавноста. Но тоа не нѐ спречи да ја објавиме аферата. Во исто време се одвиваше и скандалот со Бил Клинтон и со Моника Левински, но таму никој не ги нападна новинарите што го објавија тоа, а против нас се кренаа сите. Но ние издржавме, особено што извор ни беше Нада Глигорова и тоа се објави на нејзино инсистирање – се присетува Банов.
Неделникот „Денес“ во мај 1998 година објави дека претседателот Киро Глигоров имал афера со неговата советничка за култура Катерина Коцевска. Иако неделникот се распродаде во 100.000 примероци за многу кратко време, Банов е категоричен дека тиражот не бил никаков мотив.
– Нас нѐ интересираше пред сѐ тоа дека тој го прекршил Уставот со тоа што назначил советничка за култура, затоа што со седумте члена во Уставот што му се посветени на претседателот нема ингеренции во таа област. И на други медиуми им било понудено да објават, но одбиле, а ние прифативме. Знаевме со што се соочуваме и колку голема ќе биде аферата. Но иако ѝ посветивме 36 страници, две третини од весникот, никаде не го споменавме зборот „секс“. На крајот, сепак тоа беше главната дебата во јавноста, дали можел или не можел да има секс, поради возраста – додава Банов.
Аферата не го урна угледот на Глигоров, тој доби поддршка од голем дел од јавноста, освен од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Банов морал да го исклучи својот телефон зашто се соочувал со постојани закани, дури бил исплукан на улица, а низ слични проблеми поминувале и членовите на редакцијата.
– Ништо ниту дотогаш ниту оттогаш не одекнало толку силно во јавноста. Успеавме да ги разбиеме табуата, митскиот статус за недопирливоста на врвните функционери и на нивниот приватен живот, кој не може да биде приватен штом стапиле на таква јавна функција. Со тоа се отвори простор за демократизација на медиумите, но, за жал, тие не продолжија по тој пат – продолжува Банов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцот Чарлс има афера со позната актерка
-
Ќе може да живее без бубрег и белодробно крило: Нада Мацура се огласи по повод состојбата на Дарко!
-
Што му се „готви“ на Роналдо: Тој го чека своето трето дете, а таа јавно кажа дека неодмна спиела со него (Видео)
-
Му сместуваат љубовна афера на Новак-Ѓоковиќ го поврзуваат со готвачката на Серена и Венус Вилијамс