Црна Гора и Албанија имаат одлични односи и ќе ја интензивираат соработката во процесот на европската интеграција, нагласија денеска министрите за надворешни работи на двете земји, Игор Лукшиќ и Дитмир Бушати.
Министрите на средбата во Подгорица истакнаа дека Албанија го поддржува приемот на Црна Гора во Европската унија, а Подгорица е подготвена да и го пренесе на Тирана своето досегашно искуство во процесот на приклучување кон ЕУ.
Лукшиќ на заедничката прес-конференција по средбата изјави дека двете земји имаат одлични политички односи, кои треба да се материјализираат со интензивирање на соработката во сите области, а пред се во транспортот, инфраструктурата, енергетиката и туризмот.
Бушати го потенцираше значењето на регионалната соработка, која, како што кажа, е тесно поврзана со европската интеграција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


