| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески со повик до СДСМ: Не ја манипулирајте јавноста

Министерсот за транспорт и врски Миле Јанакиески ги повикува претставниците од СДСМ да направат директен увид врз целокупната документација за отуѓување на парцелата кај НБРМ, како во Министерството, така и во Агенцијата за катастар на недвижност и да престанат со обидите за манипулирање со јавноста и пласирање на дезинформации.

Министерството за транспорт и врски реагира на писмената реакција на СДСМ која се однесува на денешната прес-конференција што ја оддржа министерот Јанакиески, се со цел да ги образложи ново настанатите моменти кои се однесуваат за отуѓувањето на градежното неизгаденото државно земјиште кое беше предмет на законска и транспарентна
електронска постапка за јавно наддавње, Објава бр.137 (16.12.2013) во Министерството за транспорт и врски.

– Ја информираме јавноста дека целокупната постапка за отуѓување на земјиштето наменето за изградба на објект за времено сместување во општина Центар е во согласност со законските прописи, а истата е реализирана на транспарентен начин, при што секој може да има увид во извршеното јавно наддавање. Цените за отуѓување на градежното земјиште, сопственост на Република Македонија се утврдени со „Уредбата за начинот и постапката на отуѓување и давање под закуп на државно земјиште, сопственост на Република Македонија“, која е објавена во Службен весник на Република Македонија и истите се во зависност од локацијата и намената за градба – се вели во реакцијата од Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top