Косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај, тврди дека е постигната согласност Приштина да отвори во Белград канцеларија за врски, која ќе се вика Канцеларија за врски на Република Косово во Србија. Според него за ваков чекор согласност дала и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон. Веста ја објави весникот „Коха диторе“, кој пренесе и изјава од Хоџај:
– Прво, двете страни се согласиле, додека госпоѓа Ештон му потврдила на премиерот Хашим Тачи дека името ќе биде Канцеларија за врски на Република Косово во Србија. Не велам дека тоа ќе биде амбасада. Тоа ќе биде име на канцеларијата што ќе се употребува и во самата канцеларија на нашиот амбасадор и во сите други официјални документи.
Српската влада го именува Дејан Павичевиќ за офицер за врски со Приштина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


