| четврток, 6 декември 2018 |

Бесими и Попоски во Брисел: Пристапниот дијалог ќе продолжи со силно темпо

Заменик-претседателот на македонската Влада задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретнаа со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, при што заклучок од средбата е ставот дека пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и Европската унија ќе продолжи во силно темпо со фокусирање на теми што се приоритет и во официјалните преговори за членство во Унијата, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Притоа, меѓудругото го споменавме и постигнатиот договор и измените на Изборниот законик, донесен со консензус од поголемите политички партии од власта и опозицијата во нашата земја. Потоа, се говореше и за измените во Законот за медиуми и продолжување на дијалогот со новинарите, како и измените во законите за јавната администрација и завршувањето на процесот на ревизија на НПА за 2014 година. Тема на разговор беа и приоритетите, како и динамиката за продолжување со Пристапниот дијалог на високо ниво, истакна Бесими во изјава за МИА по средбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top